Вредносен ваучер за стар мобилен телефон

Bez autora
Jan 25 2011

Телекомуникацискиот оператор ОNЕ најавува проект, прв во Македонија, за рециклирање на стари мобилни телефони. Со тоа ОNЕ и сите граѓани кои ќе се вклучат во проектот ќе бидат дел од една глобална програма која се залага за што повеќе зелени површини на Земјината топка. За таа цел во продажната мрежа на ОNЕ од вчера почна замена на стари мобилни телефони за вредносен ваучер кој ќе биде употреблив во продажните салони на овој телекомуникациски оператор. Се што треба да направат граѓаните е да го предадат својот стар мобилен телефон без разлика на неговиот модел, употребна вредност, или функционални карактеристики. За истиот ќе добијат ОNЕ вредносен ваучер со минимална вредност од 100 денари, што треба да биде искористен во целост при предавањето на мобилниот телефон за купување нов производ од ОNЕ.

Вредносен ваучер за стар мобилен телефонТелекомуникацискиот оператор ОNЕ најавува проект, прв во Македонија, за рециклирање на стари мобилни телефони.

Со тоа ОNЕ и сите граѓани кои ќе се вклучат во проектот ќе бидат дел од една глобална програма која се залага за што повеќе зелени површини на Земјината топка.

За таа цел во продажната мрежа на ОNЕ од вчера почна замена на стари мобилни телефони за вредносен ваучер кој ќе биде употреблив во продажните салони на овој телекомуникациски оператор. Се што треба да направат граѓаните е да го предадат својот стар мобилен телефон без разлика на неговиот модел, употребна вредност, или функционални карактеристики. За истиот ќе добијат ОNЕ вредносен ваучер со минимална вредност од 100 денари, што треба да биде искористен во целост при предавањето на мобилниот телефон за купување нов производ од ОNЕ.

Ваучерот може да биде употребен при купување на кој било производ од ОNЕ без да биде склучен договор за телекомуникациски услуги, потоа за купување на кој било производ од ОNЕ со склучување/обнова на договор за телекомуникациски услуги, со тоа што делот од износот, што би требало да се доплати, ќе може да се плати со овој ваучер, делумно или целосно. Вредносниот ваучер може да се употреби и за електронско дополнување на при-пејд кредит (eCredit) за мобилни телефонски разговори.

Телефоните што ќе бидат предадени за размена во оваа програма потоа ќе бидат доставени на Flipswap, компанија од САД, која со оваа услуга соработува со многу оператори во светот, со цел повторно да бидат употребени или рециклирани. Собраните стари телефони во ОНЕ ќе бидат транспортирани во Словачка, каде што се врши последната проценка и рециклирањето на апаратите, а за секој рециклиран телефон Flipswap ќе засади дрво на некоја светска дестинација, што ја избира во соработка со невладини организации за заштита на животната средина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik